„Во обид да се извлече од целата ситуација откако СДС потврди дека имало прислушување, Димовски призна дека во период на изборни циклуси во државата процениле дека било неопходно да се следи ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Мицкоски, како тогашна опозиција.
Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен закана СДС да си замине од власт.
Ова нивно признавање за петгодишно следење и прислушување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби. Овие безбедносни служби, наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС, а главен извршител бил Виктор Димовски.
Тој многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа и токму затоа треба јавно да признае што и по чија наредба од врвот на политиката правел.
Ова следење и прислушување не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна токму СДС го избира за државен јавен обвинител, како и Врховниот суд.
Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане несанкциониран и одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






