Според партијата, логично се поставува прашањето дали и колку пари завршиле кај Зоран Заев и неговиот наследник Ковачевски?
„Медиумите пренесоа дека Мухамед Зекири без тендер во четири очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии во вид на ‘семинарски труд’ за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти. Ваквите шеми се причината поради која народот осиромашува, а голтарите од власта на СДСМ и ДУИ стануваат милионери. Поради ваквите криминали Македонија е најсиромашната држава, а власта е најкорумпирана во регионот и Европа според сите релевантни меѓународни мерења“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






