понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се изјасни што конкретно пречи во декларацијата за Гоце Делчев

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека ВМРО-ДПМНЕ искрено жали за реакцијата на СДСМ кон предлог декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Доколку во СДСМ внимателно го анализирале текстот на Декларацијата ќе можеле недвосмислено да се уверат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, така и денес, но и во иднина продолжува да биде – натамошно зацврстување на темелите на државноста, пишува во реакцијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека со Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, наместо неорганизирано, дифузно и недостоинствено одбележување, се воспоставуваат стандарди и се реализираат активности кои на еден одмерен, коректен и пред сé достоинствен начин државата ќе го одбележи овој голем јубилеј“, се вели во соопштението преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да објасни што конкретно смета дека е неприфатливо, а е дел од Декларацијата што ја поднесовме во Собранието?

Партијата и конкретно наведува прашања:

1. Дали на СДСМ им е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата;

2. Дали на СДСМ им пречи повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј?

3. Дали СДСМ има отпор и кон повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев?

4. Конечно, можеби СДСМ се противат и на повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?!

Според ВМРО-ДПМНЕ, односот на СДСМ кон Декларацијата за Гоце Делчев, упатува на две можни причини:

„Прво, или во СДСМ не ја прочитале Декларацијата, што претставува израз на крајна несериозност кон граѓаните или, иако не сакаме да веруваме, СДСМ можеби се дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“.

На крајот од штабот на ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат СДСМ и останатите парламентарни партии „внимателно и со доза на најголема државна одговорност да му пристапат на повој предлог документ“ и се изразува очекување дека таа консензуалното ќе биде изгласана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ