понеделник, 9 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо закани кон наставниците, СДСМ да им ги исполни барањата

Објавено на

часот

Сподели

„Барањата на синдикатите не се нереални, туку сето тоа им следува и власта, наместо да ги игнорира и да го попречува штрајкот, да ги реализира нивните барања. ВМРО-ДПМНЕ одамна излезе со пресметка дека покачување е можно, и дека е потребно усогласување на платите согласно Колективниот договор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, СДСМ не сака да им даде поголеми плати на наставниците, „за да има повеќе за матни тендери и договори во милионски суми за функционерите како Ден Дончев, Рашковски, Зекири, Филипче, Ковачевски, и сите други. Пари за поголеми плати има, само треба да престане да се крадат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ