„Јакимовски вети дека до 2025 година ќе изгради катна гаража на четири нивоа и дека со тоа ќе се реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. Еве ја дојде и ветената 2025 година, но катна гаража на Орце Николов во Карпош 2, нема. Тоа што го има се само дупки, купишта ѓубре и голем метеж, посебно во работните денови. Зошто граѓаните нема каде да ги паркираат своите возила, зошто хроничниот лажго и за катната гаража излажа.
Кандидатот на СДС Јакимовски на граѓаните им вети дека ќе го реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. И по четири години проблемот не е решен, туку напротив, сега, за разлика од пред четири години.
Не може да му се верува на Стевчо Јакимовски, кандидат на СДС, Заев и Филипче, зошто исто како неговите поддржувачи, а зине, а лаже, а вети нешто, не исполнува.
Јакимовски лаже како што лажеа Заев и Филипче. Карпошани нема да дозволат, повторно Заев и Филипче, преку Стевчо Јакимовски, да имаат градоначалник во Карпош. Општината нема нови 4 години за губење, затоа што е време за вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






