Властите во градот, кој според Гардијан е напреден технолошки центар на само 40 километри од руската граница, утринава одржале итен состанок.
„Апелираме до жителите на нашиот регион и до сите Украинци да не шират паника, гласини и руска пропаганда и да не подлегнуваат на информациски и психолошки напади“, порачаа властите.
„Нашиот мир им помага на владата, дипломатите и безбедносните сили да ја завршат својата работа и да ги заштитат државата и Украинците“, се додава во апелот.






