понеделник, 22 декември 2025

Влаховиќ одлично се снајде и донесе победа за Јуве, Интер рутински против Верона (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус и Интер вечерва ја завршија својата работа и мирно ќе ги чекаат резултатите на ривалите. 

„Старата дама“ со пресврт стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Каљари. 

Домаќините поведоа по десет минути игра, Дибала изгуби топка, Марин тргна во контра и го проигра Жоао Педро за 1-0. 

Избраниците на Алегри се вратија во игра во финишот на првиот дел, Де Лихт изедначи на 1-1. 

Пресвртот беше направен во 75. минута, Влаховиќ одлично се снајде и ја затресе мрежата за 1-2. 

Интер рутински стигна до триумф од 2-0 против Каљари. Домаќините беа подобар противник, особено во првото полувреме, креираа неколку добри шанси а Берала и Џеко се запишаа во листата на стрелци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ