сабота, 20 декември 2025

Владата и СОНК за викендов ќе го утврдуваат процентот за зголемување на платите

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот состанок во Владата, премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и претставниците на СОНК се договориле во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.
На состанокот во Владата дополнително се разговарало веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.
Според Ковачевски, Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој, како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ