среда, 1 април 2026

Високиот претставник за БиХ: Нема да им дозволам на лудаците да го загрозат мирот во таа земја

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за сараевските новинари Шмит кажа дека во моментите кога се одбележуваат 30 години од почетокот на опсадата на Сараево во војната од 1992 до 1995 година потребно е да се укаже на важноста на почитувањето на човековите права и меѓународните договори како тој од Дејтон.

Истакна дека патот до завршување на војната бил предолг и однел премногу човечки животи што никогаш повеќе не смее да се дозволи.

„Јас сум гарант дека тоа повеќе нема да се случи. Не го кажувам тоа бидејќи се плашам дека мирот е во опасност, туку како порака до сите оние лудаци кои мислат дека можат да си играат со неприкосновеноста на човечките животи“, кажа Шмит, додавајќи дека тоа е единствениот став на целата меѓународна заедница, односно државите од ЕУ и НАТО.

Германскиот дипломат предупреди дека кризата во БиХ која настана поради блокадите во земјата предолго трае и не може да продолжи бидејќи целата земја трпи.

Функционерите на босанските Срби од средината на 2021 година ја блокираат работата на централните тела на државната власт, во знак на протест против законот за забрана за негирање на геноцид и воени злосторства кој го наметна претходниот висок претставник Валентин Инцко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ