Осомничениот велешанец, на 11 март, заради продажба неовластено држел марихуана во вкупна количина од околу 5 килограми и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот.
Дрогата била пронајдена и одземена од полициски службеници на СВР Велес при вршење претрес кај осомничениот на кого сега му е определен притвор во траење од 30 дена.






