понеделник, 22 декември 2025

Вардар со победа се враќа од Битола, вториот тим на Пелистер пружи отпор, но не изненади

Објавено на

часот

Сподели

Еурофарм Пелистер 2 беше најсериозната пречка на Вардар до клучниот дуел против првиот тим на Битолчани кој ќе биде решавачки за титулата.
 
Битолчани на денешниот дуел почнаа мотивирано и рамноправно му парираа на Вардар во првото полувреме кое скопскиот тим го доби со 10-9.
 
На почетокот од вториот дел Пелистер го сврте мечот, но искуството и поголемата клупа го сторија своето па Вардар ја врати предноста, ја зголеми за мирен финиш на мечот. Конечниот резултат беше 22-19 за шампионот.
 
Гоце Георгиевски со седум гола беше прв стрелец на Вардар, Моралес постигна четири. Кај Еурофарм Пелистер 2, Белистојановски постигна шест, Ѓорговски пет голови.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ