ЕХФ во понеделникот донесе одлука да ги исклучи тимовите од Русија и Белорусија од натпреварувањата под нивна капа.
Па денеска оваа одлука беше применета во пракса и Вардар доби службена победа против Мешков Брест, дуелот кој беше откажан поради воената интервенција на Русија во Украина.
По ваквиот развој на настаните, „црвено-црните“ го осигураа петтото место во својата група и обезбедија осминафинале во Лигата на шампиони.
Мечот на Варадр против Елверум во Скопје следната недела сега ќе нема никакво резултатско значење.






