29-годишниот словенечки ракометар во Вардар доаѓа од Бундеслигашот Хановер. Тој игра на позицијата десен бек.
„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме. Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис“, вели Нејц Цехте.
Цехте потекнува од школата на Горење, каде настапуваше од 2013 до 2018 година по што замина за Хановер. По пет сезони минати во Германија реши да се пресели во Македонија.
Десниот бек во јануари беше дел и од репрезентацијата на Словенија која настапи на ЕП во Унгарија, и играше во групната фаза, бидејќи Словенците не се пласираа во следниот круг. Настапи за Словенија и на претходното ЕП 2020 година кога го освои четвртото место.






