Во гостување на една холандска емисија, Ван Гал откри дека боледува од рак на простата. Веќе некое време тајно посетува болница, тоа го прави навечер со цел да ги избегне медиумите.
„Имам рак на простата. Не сум им кажал на играчите. Кога ги гледаат моите црвени образи, сите мислат дека сум здрав, ама не е така. Минувам низ најтешкиот период од животот“, откри Ван Гал.
Ван Гал навидум во добра состојба ја водеше холандската репрезентација на изминатите натпревари, но медиумите во неговата земја велат дека неговата ситуација воопшто не е наивна и затоа се решил да го сподели својот проблем со јавноста.






