„Узбекистан е посветен на наоѓање мирно решение за проблемот и решавање на конфликтот преку дипломатски средства. За ова, пред сè, мора веднаш да се прекинат непријателствата и насилството“, рече шефот на одделот за надворешна политика.
Тој, исто така, потсети дека Узбекистан историски има повеќеслојни односи и со Руската Федерација и со Украина.
„Врз основа на националните интереси, Узбекистан ќе продолжи со заемно корисна соработка со двете земји“, рече тој.
Абдулазиз Камилов истакна дека Узбекистан ја признава независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Не ги признаваме Доњецк и Луганск како независни републики“, заклучи министерот за надворешни работи, пренесоа узбекистанските медиуми.






