сабота, 31 јануари 2026

Уставниот суд не може да постапува по жалбите на Панчевски додека не завршат редовните судски постапки

Објавено на

часот

Сподели

Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелацискиот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.

Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелацискиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ