сабота, 31 јануари 2026

Уставен суд: Каракамишева се повикува на погрешен член, има разлика меѓу седница и јавна расправа

Објавено на

часот

Сподели

Во текстот „Уставниот суд ќе расправа за Преспанскиот договор на барање на професорката Каракамишева која не е поканета на седницата” пренесени се изјави од професорката по уставно право д-р Тања Каракамишева, дека Судот не постапил согласно Деловникот и не го почитува истиот, што е погрешно тврдење. Таа на Фејсбук напиша: „Зошто Судот НЕ ГО ПОЧИТУВА членот 55 од својот Деловник и зошто не ме покани на расправа? Зошто Судот се плаши од моето присуство?”.

„За појаснување на јавноста, за денеска Уставниот суд закажа седница со неколку точки на дневен ред, меѓу кои е и барањето за заштита на правата и слободите на подносителката проф. д-р Тања Каракамишева.

Притоа, клучно е да се направи разлика меѓу седница и јавна расправа. Во овој случај во изјавата која ја пренесува вашиот медиум, професорката Каракамишева се повикува на член од Деловникот, кој не се однесува на седница, туку на јавна расправа, за што очигледно не станува збор. Се работи за две различни ситуации, уредени со посебни деловнички одредби при што членот 55, на кој се повикува професорката, воопшто не се однесува за седници на Судот, каква што е денешната.

Сакаме да потсетиме дека секоја седница на Судот е јавна, што значи секој заинтересиран може да присуствува и  јавноста е редовно информирана преку соопштенија на нашата веб-страница најмалку една недела претходно, како што, впрочем, беше и досегашната пракса и како што е објавено за седницата која ќе се одржува денеска.

Дополнително, укажуваме дека за евентуално одржување на јавна расправа, Уставниот суд мора претходно да расправа и да одлучи на седница“, се наведува во демантот од Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ