Тетовирањето еволуираше од ниска форма на самоизразување до глобално призната форма на уметност која ги надминува границите, потсетуваат организаторите и наведуваат дека на оваа интернационална конвенција за тетовирање ќе гостуваат многу познати домашни и странски тату артисти. Посетителите ќе можат да видат како работат овие мајстори и доколку имаат желба можат да се тетовираат.
„Настанот е од компетитивен карактер. Двата дена ќе бидат преполни со натпревари и на самиот крај од деновите ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории. Skopje Tattoo Show нема да биде празник само за очите туку и за ушите. Покрај тетовирање, на конвенцијата ќе настапат бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk и танцов перформанс. Своја изложба ќе има и познатиот македонски уметник Михаел Корубин, додека пак м-р Ивана Хаџиванова ќе има свое предавање на темата: ‘Под површината – Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност’, како и многу други придружни настани и работилници.
Надвор од мастилото и уметноста, конвенцијата ќе послужи како платформа за поврзување на заедницата за тетовирање, да споделува приказни и да гради трајни врски. Можност за вмрежување и панел-дискусии кои ќе увидат во минатото, сегашноста и иднината на тату индустријата“, се наведува во соопштението со кое е најавен овој настан.






