понеделник, 30 март 2026

Украинските власти: Во руски напад е погодена детска болница во Мариупол (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено на Фејсбук, властите велат дека „руските окупаторски сили фрлија неколку бомби врз детската болница. Уништувањето е огромно“.

Претставниците на Советот додадоа дека сѐ уште не го знаат точниот број на жртвите.

„Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол“, рече во фејсбук-видео началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко.

Тој додаде дека ранетите во нападот се евакуирани во најблиската болница.

Кириленко напиша дека Русија „не само што ја премина границата на неприфатливи односи меѓу државите и народите. Ја преминавте границата на хуманоста“.

„Престанете да се нарекувате човечки суштества“, додаде тој.

Украинскиот пратеник Дмитро Гурин на Твитер објави видео од болницата во Мариупол што наводно била погодена во руски напад, пренесе Би-би-си.

Гурин рече дека има „многу убиени и ранети жени“ и дека „сѐ уште нема информации за деца и новороденчиња. Еј, ОН, како сте?“

Во видеото пратеникот вели: „Болница бр. 3, Мариупол, породилно. Од под урнатините се вадат луѓе“.

И украинскиот претседател Зеленски на Твитер објави снимка од инцидентот – што тој го опиша како „директен напад“ – прикажува уништени простории низ ходникот во зградата.

„Луѓе, деца се под урнатините. Злосторство! Уште колку светот ќе биде соучесник игнорирајќи го теророт?“, рече тој.

Зеленски повторно побара зона на забранети летови над земјата за да ги спречи руските авиони да летаат – нешто што САД и другите земји на НАТО го отфрлија.

„Затворете го небото веднаш! Стоп за убиствата! Имате моќ, но се чини дека ја губите хуманоста“, повика тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ