„Се обидуваат да ги уништат рутите за воена и техничка помош која стигнува од партнерските земји. За да го направат тоа, мора да се фокусираат на железничките станици“, објави украинската војска на Фејсбук.
Објавата на украинската војска доаѓа откако руските сили извршија пет напади на железничката инфраструктура во централна и западна Украина. Во руските напади на два града во регионот Виницја загинаа најмалку пет лица, а 18 се повредени.
Минатиот месец околу 50 цивили кои се обидувале да се евакуираат од Краматорск на истокот на Украина беа убиени во ракетен напад, за кој меѓусебно се обвинуваат руските и украинските сили.






