вторник, 31 март 2026

Украинската војска: Русите имаат залихи за уште само три дена

Објавено на

часот

Сподели

„Поради логистички пропусти на руските сили, како и неможноста да ги снабдат трупите на фронтот со гориво, им снемува залихи“, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Нападите врз другите градови во Украина – како Киев, Чернихив, Суми и Харков – доживеаја уште еден ден застој“, додаде Министерството за одбрана.

Британската разузнавачка служба соопшти дека украинските сили ги одбиваат руските обиди за освојување на Мариупол, град кој се смета за клучен за успехот на таканаречената „специјална воена операција“ на Путин, пишува Дејли мејл.

Проценката на украинската војска се совпаѓа со ставовите на западните воени експерти, кои велат дека руските сили најверојатно ќе останат без залихи оваа недела и ќе бидат принудени да прекинат со понатамошна акција се додека не пристигне логистичко засилување.

Поради ваквото прекинување на нападите, украинските сили би можеле да извршат контранапад. Веќе утринава објавија дека повторно го освоиле градот Макарив на периферијата на Киев, преземајќи ја контролата врз клучниот автопат и ги блокирале руските напори да го опколат градот од северозапад.

Но, тоа не значи дека војската на Путин е веќе поразена или дека наскоро ќе следи прекин на огнот.

Воените експерти велат дека Путин би можел да се одлучи за побрутална и покрвава стратегија во оваа ситуација. Западните лидери, вклучувајќи го и Џо Бајден, предупредија дека рускиот претседател во таков случај би можел да прибегне кон употреба на биолошко или хемиско оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ