Тој објави и фотографија, за која тврди дека е направена синоќа во близина на Ирпин и Хостомел, кои се наоѓаат северно од Киев.
Ова не е прв пат Украинците да ја обвинат Русија дека го користи забранетиот бел фосфор. Вчера, како што јави Ројтерс, украински функционер изјави дека руските сили користеле фосфор во градот Краматорск во Доњецк.
⚡️ Russia uses white phosphorus bombs in Hostomel and Irpin.
Russian forces targeted Kyiv’ suburbs with phosphorus bombs on the night of March 22, according to Irpin Mayor Oleksandr Markushin.
The use of such weapons against civilians is banned by the Geneva Conventions.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 23, 2022
Алексеј Билошицкиј, првиот заменик-началник на киевската национална полиција, во објава на Фејсбук напиша: „Уште една употреба на фосфорна муниција во Краматорск. Забраните и конвенциите се за цивилизираниот свет“.
Наводите не можело независно да се потврдат.
Зошто е забранет белиот фосфор?
Белиот фосфор рутински го чуваат армиите низ светот и легално се користи во борбите како димна завеса во текот на денот и како светлина за осветлување на областите ноќе.
Но нелегално е да се користи против цивили бидејќи предизвикува сериозни и исклучително болни изгореници во контакт со кожата. Употребата на бел фосфор во цивилни области е забранета, меѓу другото, и со Женевската конвенција.






