среда, 1 април 2026

Украина забрани истакнување на буквите Z и V, ја прогласи Русија за терористичка земја

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави РИА новости, во соопштението се објаснува дека буквите Z и V ги претставуваат симболите на руската воена инвазија на Украина.

„Пратениците усвоија предлог-закон со кој се обезбедува заштита на Украина во информативниот простор. Јавната употреба на руски симболи е забранета и Русија е означена како терористичка држава“, се вели во соопштението.

Украина и Русија денеска ги продолжија мировните преговори во онлајн-формат, соопшти кабинетот на украинскиот претседател, повикувајќи се на украинскиот преговарач Михаил Подољак, но без да даде дополнителни детали, пренесува Ројтерс.
 
Делегациите од двете земји во вторникот се состанаа во Турција, по што Подољак рече дека се чувствува „позитивно“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ