вторник, 31 март 2026

Украина: Соединетите Држави немаат ништо против Полска да ни испрати борбени авиони

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави претходно ја отфрлија ваквата иницијатива на Полска. Пентагон рече дека префрлањето борбени авиони од Полска во Киев е премногу ризичен потег. Засега нема коментари од Белата куќа.

Кулеба ја наведе оваа информација по средбата во Полска со министерот за одбрана Олексеј Резников и американскиот претседател Џо Бајден.

„На Украина итно ѝ се потребни повеќе борбени авиони за да се постигне рамнотежа во воздушниот простор и за да се запре руското убивање на цивили“, рече Кулеба, пренесе Тајмс оф Израел.

Полска го поддржа планот за испраќање МиГ-29 во Киев преку американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ