Додаваат дека зградата е уништена и дека луѓето се под урнатините. Во училиштето имало жени, деца и постари лица, соопштија официјални лица.
Засега нема информации за жртви. Комуникацијата со Мариупол е неверојатно тешка, пишува Би-би-си и додава дека не можеле да ги потврдат овие тврдења.
Мариупол се соочува со едно од најтешките бомбардирања во војната со Русија, а илјадници граѓани со денови се без пристап до струја и вода.
Се смета дека во градот се убиени повеќе од 2.400 луѓе, а властите копаат масовни гробници.
Вчера околу 4.000 луѓе успеале да побегнат од црноморското пристаниште.
Претходно во саботата официјални лица изјавиле дека илјадници локални жители од јужниот украински град против нивна волја биле однесени од руските сили преку граница во Русија. Би-би-си не можел самостојно да ги потврди нивните тврдења.






