понеделник, 30 март 2026

Украина ја обвини руската војска дека ја гранатира нуклеарната централа Запорожскаја (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Централата гори“, соопшти градоначалникот на Енергодар Дмитри Орлов на Телеграм, информирајќи за „постојано непријателско гранатирање на објектите на најголемата нуклеарна централа во Европа“. Тој не објави податоци кои објекти се зафатени од пожарот и дали има некаква опасноста за шесте реактори на централата.

Нуклеарната централа Запорожскаја е најголемата во Украина. Територијата околу централата е под контрола на руските трупи од понеделникот, кога Москва ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) дека „вработените на централата продолжуваат да работат на нуклеарната безбедност и да ја надгледуваат радијацијата во нормални услови за работење. Нивото на радијација останува нормално“.

Во непотврдени извештаи вчера се тврдеше дека преговорите со локалните власти пропаднале и дека почнале престрелки меѓу украинските и руските сили околу нуклеарната централа.

На преносот во живо од таа област се гледа дека има пожар во централата, но Ројтерс не успеал да ја потврди информацијата, ниту дали пожарот е потенцијално сериозен.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба во петокот напиша на Твитер дека ако централата експлодира, ќе биде „10 пати пострашно од Чернобил“, нуклеарната катастрофа од 1986 година.

[video:https://youtu.be/fYUT36YGOh8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ