понеделник, 8 декември 2025

Украина бара од Германија да го исклучи Северен тек 1

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со Нафтогас упативме апел до германското министерство за економија и германскиот регулатор во врска со прекин на Северен тек 1. Ова е гасовод кој во моментов работи. Гледаме дека причините врз основа на кои Северен тек 1 е исклучок, во овој момент не се реални. И бараме германската влада да ги преиспита овие исклучоци и всушност да ги сопре или значително да ги ограничи испораките на гас во Европа преку Северен тек 1“, кажа Макогон.

Тој наведе дека сега има доволно слободни капацитети за транспорт на гасот од Руската Федерација, вклучувајќи го и украинскиот систем, кој, според него, е спремен да го транспортира рускиот гас до европските потрошувачи наместо преку Северен тек 1.

Макагон смета дека испораките на рускиот гас преку украинскиот систем за пренос на гас ќе го спасат тој систем од уништување за време на непријателствата.

Советничката на министерот за енергетика на Украина Олена Зеркал претходно изјави, во контекст на одбивањето на Унгарија да се откаже од руската нафта, дека Киев има инструмент за притисок врз Будимпешта во облик на нафтоводот Дружба, кој минува преку Украина, на кој, според неа, нешто би можело да му се случи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ