вторник, 23 декември 2025

Украдени лаптоп компјутери, фалсификувани документи, куршуми… најдени во куќа во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

При претрес на дом на подрачјето на Гази Баба, кој го користел Б.К., извршен со наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје, пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, и тоа: два лаптопи, фалсификувана патна словенечка исправа на име М.К., фалсификувана бугарска возачка дозвола на име В.В., два куршуми пиштолска муниција, две дигитални ваги, две ќесички бела прашкаста материја.

Б.К. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ