понеделник, 8 декември 2025

Укинати ковид-мерките, маските задолжителни во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во старски домови

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека одлуката на Владата следи по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава.

„Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од ковид-19“, напиша Груби.

Комисијата за заразни болести на состанокот одржан на 27 април препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Комисијата сепак упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетија и дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, соопшти минатата недела Министерството за здравство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ