понеделник, 22 декември 2025

Убедлива победа на Леклер во Австралија, Саинц и Верстапен не завршија

Објавено на

часот

Сподели

Шарл Леклер и Ферари имаат старт каков што само можеа да посакаат во новата сезона. Моначанецот победи на трката за Големата награда на Австралија, а го имаше и најбрзиот круг за дополнителен бод.
 
Во текот на трката Леклер се бранеше од напади на Верстапен, но Холанѓанецот поради проблеми со болидот се откажа во 39. круг, по што возачот на Ферари без проблеми финишираше прв на целта.
 
До место на подиумот дојдоа и Серхио Перез од Ред Бул како и Џроџ Расел од Мерцедес. Луис Хамилтон го освои четвртото место, а бодови освоија и Норис, Рикиардо, Окон, Ботас, Гасли и Албон.
 
По три извозени трки Леклер е убедливо на првото место со 71 бод, Расел е втор со 37, Саинц има 33, Хамилтон 28, а Верстапен со 25 од претходната трка на која победи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ