понеделник, 8 декември 2025

Убедлив пораз во Тбилиси, Грузија е подобра од Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го забележа третиот пораз во квалификациите во својот трет настап, овојпат загубивме од селекцијата на Грузија во Тбилиси со 21 поен разлика.
 
Грузија водеше во текот на целиот натпревар, уште во текот на првата четвртина создаде 9 поени позитива, беше 22-13, во вториот период веднаш дојдоа до двоцифрена предност, а пред крајот на полувремето имаа и највисоки дотогаш 19 поени разлика, 46-27. Македонија изгледаше немоќно. На одморот се отиде со предност за Грузија од 46-31.
 
Грузијците во второто полувреме ја одржуваа предноста, во поголемиот дел водеа со над 20 поени разлика, неколкупати стигнаа до +25. На крајот победија со 91-70.
 
Најефикасен во нашиот состав беше Војдан Стојановски со 15 поени, Робев постигна 13, по 11 запишаа Крстевски и Ефремовски. Во тимот на Грузија, Мекфеден постигна 26 поени, Шермадини 20.
 
Во недела на 27. февруари, Македонија ќе ја пречека Грузија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ