Вчера полицијата е ја лиши од слобода М.А.(45) од Скопје, која се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.
„Таа била пријавена на 14 март од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит. На 16 март, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките. М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.






