Томас Тухел вели дека кога тргнал да се поздрави со судијата, видел како тој се смее со Карло Анчелоти и тоа не му се допаднало.
„Бев разочаран дека судијата делуваше расположено зборувајќи со мојот колега Карло Анчелоти. Кога сакав да отидам до судијата и да му речам благодарам за мечот, видов како тој гласно се смее со противничкиот тренер“, вели Тухел.
„Мислам дека е погрешно да се прави тоа по последниот свиреж на меч каде едниот тим го даде срцето и се бореше до последната капка“.
„Одите и гледате како судијата се смее гласно со другиот тренер. Мислам дека тоа е многу, многу погрешен момент. Му го кажав тоа и на него“.






