среда, 1 април 2026

Тројца морнари на американски носач на авиони најдени мртви за помалку од една недела

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот петок бил најден еден морнар кој не давал знаци на живот, додека другите двајца морнари биле најдени на локации надвор од базата на 9 и 10 април, пишува Си-ен-ен.

„Иако овие инциденти се и понатаму под истрага, нема почетни назнаки дека постои поврзаност меѓу трагичните настани“, кажа портпаролката на американската воена морнарица Риен Момсен.

Морнарицата не ја наведе причината за смртта за ниеден од тројцата морнари, но на бродот пристигнал Специјален психијатриски тим за брза интервенција. Овие тимови се наменети за пружање краткорочна поддршка на менталното здравје по трауматичен настан, како губење живот.

Американската морнарица го идентификувала починатиот морнар најден ан 9 април како експерт за малопродажни услуги од трета класа Микаил Шарп. Мртва на 10 април е најдена електричарката за внатрешни комуникации од трета класа Наташа Хафман.

Сè уште не е објавен идентитетот на третиот морнар, кој во петокот бил најден на бродот.

„Нашите мисли и сочувство се со семејствата, пријателите и колегите на нашите морнари“, кажа Момсен.

УСС Џорџ Вашингтон е носач на авиони од класата „Нимиц“ на нуклеарен погон. Во моментов се наоѓа во Њупорт Њуз во Вирџинија, каде е на ремонт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ