понеделник, 22 декември 2025

Тројца екс-тренери на ПСЖ се во четвртфинале од ЛШ, Емери вели: Што мислите зошто ПСЖ не успева?

Објавено на

часот

Сподели

Унаи Емери, Карло Анчелоти и Томас Тухел се тројцата поранешни тренери на ПСЖ кои се меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
 
Тоа говори за очајно лошата трансфер политика во клубот која ја креира Леонардо. Најдобар пример е фактот што го избркаа Томас Тухел, а тој во истата сезона со Челси успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа е титулата која ПСЖ очајно ја посакува, но никако не успева да стигне до неа.
 
Унаи Емери по вчерашниот меч против Баерн Минхен, потенцираше дека тоа што во четвртфиналето има тројца поранешни тренери на ПСЖ значи дека тренерите не се проблемот во францускиот клуб, туку друго нешто.
 
„Присуството на тројца поранешни тренери на ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите значи дека сите тие се многу добри тренери. Доколку тие не успеале во ПСЖ, тоа е поради нешто друго, а не поради тоа што не се добри“, вели Емери.
 
Тој на заминување од ПСЖ му кажал на претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи дека некогаш ќе ја освои ЛШ.
 
„Му реков на Насер: Ќе ја освоиш Лигата на шампионите. Некој мора да го скрши мразот“.
 
Но се чини дека за да се случи тоа, во ПСЖ се потребни коренети промени почнувајќи од спортскиот директор Леонардо.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ