
Како што соопшти МВР, во периодот од декември 2021 до март 2022, трите лица со цел стекнување на противправна имотна корист, извршиле набавка на кокаин со потекло од Јужна Америка, која потоа во угостителски објект лоциран во Тетово, управуван од страна на второпријавениот Н.С., ја препакувале во помали количини, во зависност од нарачката и ја препродавале.
На 19.03.2022 врз основа на наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово, извршен е претрес во угостителски објект на ул.„Видео Смилески Бато“, управуван од Н.С., каде повремено престојувале и С.С. и М.А., во помошен објект адаптиран за одгледување на кучиња, во непосредна близина на угостителскиот објект, личен претрес над лицата, како и претрес на едно патничко возило и два мотоцикли, при што пронајдени се и одземени 25 полиетиленски пакувања со кокаин, едно пакување со марихуана, мобилни телефони и пари.
Лицата се приведени во полициска станица и од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.






