вторник, 23 декември 2025

Тринаесет возачи казнети затоа што зборувале на мобилен телефон

Објавено на

часот

Сподели

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за 26 возачи кои возеле побрзо од максимално дозволената брзина, шест санкции за  некористење сигурносен појас, 55 за непрописно паркирање, а казнети се и пет возачи почетници.

Од изречените 160 санкции за брзо возење на територијата на Македонија, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

Од МВР апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и предупредуваат дека со засилените секојдневни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ