Нашиот прв триатлон натпревар одржан во 2019 години претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. За жал, во 2020 и 2021 година, поради пандемијата од ковид-19, не добивме дозвола за да го организираме настанот повторно.
„На голема радост и со голема поддршка од Стопанска банка АД – Скопје, Stopanska Triogy Triathlon 2022 ќе стане возможна мисија. Подготвени сме со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија, да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен“, соопштија организаторите.
Tриатлон натпреварот ќе биде директно пренесуван на Македонската радио телевизија.
Оваа година ќе се натпреваруваат 200 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.
Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон Сити мол и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.






