понеделник, 16 февруари 2026

Трговците со нафта предупредуваат на несоодветната пресметка на цените од РКЕ

Објавено на

часот

Сподели

За овие компании одлуката за дневно регулирање на цените на нафтените деривати е оправдана, но не и намалувањето на трговската маржа за 33%, која од 4,5 денари сега изнесува 3 денари од литар што претставува историски најниско ниво на досега утврдена трговска маржа кај трговците со нафтени деривати.

„Ваквата одлука по укажување на компаниите ќе го поремети нивното оперативно работење со што би се довеле во прашање егзистенцијата и понатамошното функционирање на трговците како и целиот енергетски пазар бидејќи истите со секој продаден литар гориво генерираат загуби. Воедно нејасно е зошто рокот за враќање на маржата не е ставен во правилникот (во еден момент регулаторот вели дека ќе се сменат маржите кога ќе се сменат законите а од друга страна дека сепак ќе зависи од цената на светските берзи), со што се влева недоверба кај трговците кои набавката на дериватите ја финансираат со сопствени средства.

Во целиот изминат двегодишен период на траење на кризата предизвикана од корона вирусот, компаниите од овој сектор не ги користеа владините мерки за поддршка кои се носеа за деловните субјекти и своето работење го организираат континуирано и непречено и во неизвесни економски услови и затоа нивното размислување е дека сега не е момент да се креираат мерки со кои ќе се обременува нивното работење“, се вели во соопштението на Стопанската комора.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ