Војната во Украина продолжува и секојдневно носи невини жртви, еден од убиените е тренер во младинскиот погон на Шахтар. Тој загина бранејќи ја Украина.
„Еден од нашите вработени е убиен, тој беше младински тренер. Беше погоден од руски куршум“, потврди извршниот директор на Шахтар, Сергеј Палкин.
Шахтар е еден од најуспешните украински клубови, особено во поновата историја. Има освоено 13 лига титули, 13 украински купови, и девет суперкупови и УЕФА куп.
Пред само два дена беа убиени и двајца украински фудбалери.
„Нашите мисли се со фамилиите, пријателите и соиграчите на младите украински фудбалери Виталија Сапило и Дмитро Мартиненко, првите фудбалски загуби во оваа војна. Нека почиваат во мир“, гласеше соопштението на ФИФПРО.






