среда, 24 декември 2025

Томе Пачовски е нов тренер на голманите на македонската репрезентација

Објавено на

часот

Сподели

Томе Пачовски е нов тренер на голманите на македонската фудбалска репрезентација.
 
За мене е голема чест што добивам можност да работам во националниот тим на Македонија. Со многу радост му се приклучувам на тимот предводен од селекторот Милевски. Верувам во оваа екипа и се надевам дека ќе помогнам. Имаме потенцијал, квалитетни фудбалери, селектор кој е студиозен, ништо не остава на случајност, работи според планирана програма и сака модерен фудбал“, вели Пачовски.
 
„Ги познавам фудбалерите во тимот, имаме квалитетни голмани и ќе се обидам да помогнам да бидат подобри и постојани во настапите. Заеднички ќе се трудиме да ја задржиме и надградиме позивната атмосфера во составот. Нѐ очекуваат големи предизвици во следниот периот, но секој вистински спортист се радува на тоа“.
 
Томе Пачовски има 46 настапи за нашиот национален тим. За македонската репрезентација дебитираше 2006. година на пријателскиот натпревар против Турција, а последниот настап во дресот на Македонија го имаше против Украина 2015 година. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ