вторник, 23 декември 2025

Том Брејди се премисли, ја прекина пензијата, уште му се игра

Објавено на

часот

Сподели

Том Брејди ќе игра и на 44 години, изминатиот викенд беше на Олд Трафорд на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Тотнем, а брзо потоа објави дека продолжува да игра.
 
„Во изминатите два месеци сфатив дека моето место се уште е на теренот, не на трибините. Тоа време ќе дојде, но не е сега. Ги сакам моите соиграчи и мојата фамилија која ми дава поддршка. Тие прават се што е возможно. Ќе се вратам за мојата 23 сезона во Тампа. Имаме незавршенаа работа“, објави Брејди.
 
Многумина веруваат дека неговата посета на Олд Трафорд и разговорот со Роналдо биле последната капка која пресудила Том Брејди да се предомисли и да продолжи да игра.
 
По натпреварот Роналдо и Брејди имаа дискусија на теренот. Неколку часа пред да соопшти дека ја прекинува пензијата, Том Брејди објави видео со Роналдо на кое Португалецот го прашува: „Ти заврши, така?“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ