„Спортското друштво Вардар е основано 1947 од Собрание на град Скопје и имало 16 секции, фудбал, кошарка, ракомет, одбојка… Со криминал изминатите две децении сите секции меѓу кои и фудбалскиот клуб Вардар се оттуѓени од градот и сега брендот го користат приватни лица. Нема поголем финансиер на сите секции на Вардар од Градот Скопје кој располага со годишен буџет за спорт од 17 милиони евра. Затоа моја прва задача и обврска спрема армијата навивачи Комити од сите генерации е враќање на Вардар таму каде што припаѓа – на градот Скопје со чие стопанисување се постигнати најголемите успеси пред три и четири децении“, соопшти ТМРО






