сабота, 13 декември 2025

Тешко се наплаќаат даноците, a и државата не враќа пари, се пожали гостиварскиот градоначалник

Објавено на

часот

Сподели

„За време на пандемијата од 2020 до 2021 година ние не ги притискавме многу граѓаните да плаќаат даноци. Сега како Општина Гостивар започнавме кампања за да ги мотивираме луѓето да плаќаат, бидејќи поинаку не можеме да функционираме“, изјави Таравари..

Тој нагласи дека нашата земја е најцентрализирана држава во регионот и во Европа.

„Под тоа подразбирам дека многу малку пари им се враќаат на општините, посебно во овие тешки периоди со ковид пандемија, енергетската криза, а сега и војната меѓу Русија и Украина што влијаеше врз покачување на цените и осиромашување на граѓаните. Сега тие се помалку плаќаат даноци, а тоа се основните извори на финансии во општините“, посочи Таравари.

Во вакво централизирано општество и функционирање на држава, потенцира, навистина е тешко да функционираат општините.

-Се приклучувам на барањето на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС дека или треба Владата да спроведе фискална децентрализација, со што повеќе пари од даноците ќе се враќаат во општините или, пак, да помогне како што се случи во 2018 година, кога за жал Општина Гостивар беше единствена урбана опозициска општина и доби најмалку пари од сите други општини, рече Таравари

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ