недела, 21 декември 2025

Тајсон Фјури со нокаут го победи Вајт на Вембли и ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Легендарниот Тајсон Фјури со стил се одјави од рингот. Во спектакуларна атмосфера на Вембли, пред речиси 100.000 навивачи го победи Дилиен Вајт и го одбрани ВБЦ појасот.
 
Тајсон уште од самиот почеток беше подобар од Вајт и беше само прашање на време кога ќе заврши борбата во негова полза. Тоа се случи во текот на 6. рунда кога со аперкат го нокаутираше противникот.
 
Фјури најави дека ова е негов последен меч во кариерата. Без пораз заминува во пензија. А дали ќе си го одржи зборот, останува да видиме.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ