вторник, 31 март 2026

СЗО: Бројот на заразени со коронавирус во светот повторно расте

Објавено на

часот

Сподели

Во втората недела од март бројот на новозаразени е за осум отсто поголем во однос на претходната недела.

Во неделата од 7 до 13 март, регистрирани се повеќе од 11 милиони нови случаи на ковид-19 и 43.000 смртни случаи од или со ковид-19.

Зголемување на бројот на случаи во однос на претходната недела е забележано особено во регионите на Западен Пацифик, 29 отсто и Африка, 12 отсто. Во Европа е забележан неделен пораст од два отсто.

Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија и Северна и Јужна Америка.

Вкупниот број на потврдени нови инфекции со коронавирус од почетокот на пандемијата достигна 455 милиони, а пријавени се шест милиони смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ