понеделник, 22 декември 2025

Струга го победи Работнички во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

На Струга ѝ оди против Работнички, ова беше седма пресметка по ред во првенство или куп како романтичарите не можат да го победат овој тим.
 
Абдулхади Јахја по само 13 минути донесе водство на Струга по асистенција на Буњамин Шабани, кој по четири минути игра во вториот дел зголеми на 2-0.
 
Во 61. минута Момчило Рашо намали на 2-1 и го врати Работнички во игра, но сите дилеми околу победникот ги реши Па Омар Џобе на девет минути пред крајот кој ги постави конечните 3-1 за Струга.
 
Струга со оваа победа се качи на седмото место на табелата престигнувајќи го Работнички за два бода.
 
Утре се играат останатите пет меча во ова коло и двојките се Шкупи – Тиквеш, Академија Пандев – Скопје, Шкендија – Борец, Македонија ЃП – Пелистер и Брегалница – Ренова.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ