вторник, 31 март 2026

Столтенберг: НАТО мора радикално да ги менува ставовите за европската безбедност

Објавено на

часот

Сподели

„Руската инвазија на Украина и нејзината воена интеграција со Белорусија создава нова безбедносна реалност на европскиот континент“, кажа Столтенберг.

Тој наведе дека НАТО мора да ги смени своите воени ставови поради новата реалност.

„На терен тоа би значело вклучување на многу повеќе сили во источното крило на алијансата, поголема спремност и повеќе опрема“, кажа Столтенберг.

Во последните години НАТО распореди релативно мал број војници, околу 5.000, во Естонија, Летонија, Литванија и Полска кои ротираат.

Столтенберг очекува министрите за одбрана на земјите членки да им наредат на воените команданти на НАТО да предложат опции за јакнење на безбедноста во Источна Европа за кои лидерите на воениот пакт ќе одлучуваат на самитот во јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ