Во 2013 година, Стевчо Јакимовски ја формираше политичка партија Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), со која првпат настапи на претседателските избори во 2014 година, како и на предвремените парламентарни избори во 2016 година.
На локалните избори во 2021 година, Јакимовски повторно се кандидираше и стана градоначалник на општина Карпош.
„На денешниот Конгрес по трет пат ја добив довербата од партиското собрание да ја водам ГРОМ во наредните четири години. Тоа значи дека ГРОМ продолжува со својот континуитет, продолжува со своите принципиелни политики. ГРОМ ќе биде гласот на разумот во Република Македонија.
Како партија ќе се залагаме за правна држава, за функционална пазарна економија, за почитување на човековите права, но во исто време сметаме дека во Македонија мора да има помирување“, рече Јакимовски по неговиот избор за претседател на партијата.






