39-годишниот Срна, поранешен капитен на Хрватска и Шахтар, сега е работи како спортски директор во украинскиот клуб. Тој е во Украина и од синоќа ја преживува војната која започна таму.
„Сигурно дека не беше пријатно, не разбудија звучни сирени околу 4:30 утрото. Ситуацијата не е баш добра, но тука се собравме повеќе луѓе од Хрватска. Се држиме заедно, во контакт сме со амбасадата и чекаме понатамошни инструкции“, вели Срна.
„Во моментов цел стручаен штаб сме во хотел. Познавајќи се себе, секогаш сум бил во првата линија. Нема шанси прв да го напуштам овој брод. Ова е моја, наша втор држава, ќе дадеме се од себе за да биде мир и да не шириме паника. Им благодарам на сите луѓе кои ми праќаат пораки“.
„Тешко е, не можев ни да замислам дека ќе се најдеме во ваква ситуација. Ова е трета војна во мојот живот. Мораме да бидеме силни, немаме друг избор. Сега во прашање е целата Украина, ситуацијата не е добра“.






